Земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер ноќеска е регистриран во соседна Грција.
Во Република Македонија беше почувствуван со послаба магнитуда во градовите Битола, Ресен и Охрид.
Во друг случај, земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала ја погоди и Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил на 20 километри од Тирана, а нема информации за штети. Земјотресот бил на длабочина од пет километри.
