HomeАктуелноЗемјотрес почувствуван во Прилеп и Битола

Земјотрес почувствуван во Прилеп и Битола

Земјотресот се случи во 15 часот и 40 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.4.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 17.07.2022 година регистрираше земјотрес 92 km јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 15 часот и 40 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.4 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Прилеп, Битола и околината.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.