HomeАктуелноЗемјотрес утрово во Македонија

Земјотрес утрово во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 08.02.2024 година во 6 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.