HomeАктуелноЗечевиќ со младите на коњички марш во Крушево, идеалите од Илинденското востание се водилка за СДСМ

Зечевиќ со младите на коњички марш во Крушево, идеалите од Илинденското востание се водилка за СДСМ

Соопштение за јавност

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Младите социјалдемократи заедно со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, утрово организираа коњички марш во Крушево по повод Илинден.

Маршот до споменикот кај месноста Слива близу Крушево, беше организиран во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбрана на Крушевската Република.

СДСМ, како државотворна партија со низа активности оддава почит и одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и одбележување на најголемиот државен празник 2 август – Денот на Републиката.

Идеалите и заложбите за слобода, правда и еднаквост од Илинден 1903 и темелите на македонската државност од Илинден 1944 година, од АСНОМ, за СДСМ остануваат водилка во борбата за градење модерна, демократска, слободна држава, идна членка на ЕУ.

СДСМ

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.