HomeАктуелноИДФ: Телата на шестмина заложници пронајдени во тунел и извлечени од Газа

ИДФ: Телата на шестмина заложници пронајдени во тунел и извлечени од Газа

Телата на шест заложници беа извлечени од Појасот Газа, соопшти израелската војска рано утринава, пренесе ДПА.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Шестте тела беа пронајдени во подземен тунел во областа Рафа на југот на Појасот Газа и пренесени во Израел, соопшти израелските одбранбени сили (ИДФ) на Телеграм, додаде германската агенција.

Сите шест лица биле киднапирани за време на терористичкиот напад врз јужен Израел, на 7 октомври 2023 година, што го предводеше Хамас, соопшти ИДФ.

Според портпаролот на армијата, заложниците биле убиени од киднаперите непосредно пред да бидат пронајдени нивните тела.

Меѓу жртвите е и американско-израелскиот заложник Херш Голдберг-Полин, се наведува во соопштението на американскиот претседател Џо Бајден.

Израелското Министерство за надворешни работи објави соопштение од роднините на Голдберг-Полин, во кое тие ја објавија смртта на нивниот „сакан син и брат“, наведе ДПА.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.