HomeАктуелноИзбрано ново раководство на општинската оргазнизација Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија

Избрано ново раководство на општинската оргазнизација Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија

Синоќа во Охрид се одржа изборна конференција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на која беше избрано новото раководство на Општинската организација.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На конференцијата присуствуваа генералниот секретар на Движењето, Горан Минчев, членот на Извршниот одбор, Виктор Јовановски, и портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

За нова претседателка на Општинската организација во Охрид е избрана Марина Ѓоргоска, магистер по методика на математиката и наставник по одделенска настава со повеќе од 20 годишно искуство, актуелен директор на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид, додека функцијата секретар ќе ја извршува Елена Ристеска, магистер по односи со јавност, дипломиран политиколог и дипломиран менаџер по односи со јавност, актуелен советник во советот на општина Охрид.

На конференцијата беа избрани и членовите на новите Извршен и Надзорен одбор.

Од Движењето истакнуваат дека со изборот на новото раководство продолжуваат со развојот на организациската структура во Охрид, проширувањето на поддршката и зајакнувањето на политичкото дејствување во интерес на граѓаните.

Со јасна визија, одговорност и посветеност, ЗНАМ најавува продолжување на активностите насочени кон остварување на своите политички цели и градење посилна организација на локално ниво.

На новоизбраното раководство и на членовите на одборите им беа упатени честитки, со желби за успешна работа, единство и истрајност во остварувањето на заедничките цели, за посилно ЗНАМ и подобра иднина за Охрид и Македонија.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.