HomeАктуелноИзбран нов претседател на Црвен крст Охрид

Избран нов претседател на Црвен крст Охрид

Во просториите на Црвен крст Охрид, на 12 мај 2026 година, се одржа Конститутивно-изборна седница на Собранието на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според објавата на организацијата, на седницата биле верификувани мандатите на 21 делегат, кои активно учествувале во работата и носењето одлуки согласно статутарните одредби.

Во рамки на седницата биле спроведени избори за органите на управување, при што за претседател на Црвен крст Охрид била избрана Весна Терзиоска.

Покрај изборот на претседател, биле избрани и потпретседател на организацијата, членови на Раководниот одбор, како и претседател, потпретседател и членови на Финансиската комисија. Избрани биле и делегати за Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија.

Од Црвен крст Охрид истакнуваат дека со успешно реализирањето на седницата продолжуваат со своето делување и реализација на хуманитарните активности во служба на граѓаните и заедницата.

„Хуманоста останува наша заедничка вредност и водилка“, стои во објавата на Црвен крст Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.