Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека вчера на владина седница се донесени повеќе одлуки, меѓу која и одлука за изградба на колекторот во селото Трпејца кај Охрид, во вредност од 68 милиони денари, како и 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини, потенцирајќи дека Владата се грижи за реалните потреби на граѓаните.
Неколку инфраструктурни проекти коишто ќе бидат финансирани од Министерството за транспорт поминаа на вчерашната владина седница, конечно еден многу значаен проект после неколку децении ветувања ќе биде завршен, а тоа е завршување на колекторскиот систем во Охрид, изградба на фекална канализација во село Трпејца, коешто е значајно за туристичкиот потенцијал, не само во Охрид, туку и за цела држава, од прилика 68-69 милиони денари со вклучен ДДВ се одвоени тука, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.
