HomeАктуелноИзложба на ликовни творби на учениците од охридската гимназија на тема “Обои ме”

Изложба на ликовни творби на учениците од охридската гимназија на тема “Обои ме”

Викендов во просториите на „Култура 365” ќе биде поставена изложба со ликовни творби од учениците од охридската гимназија, а во наредните две недели изложбата продолжува во Младинскиот Центар Охрид, информираат од училиштето.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поставените ликовни творби се работени под менторство на проф. Виданка Мојсоска во различни техники: молив, јаглен, кафе, фломастери Нашите ученици ги изработија овие цртежи како дел од манифестациите кои се одржаа во нашата Гимназија Маникулт и по повод одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје, велат од Охридската гимназија.

Воедно упатуваат благодарност за отстапениот простор на Младинскиот центар Охрид и Култура 365 и Крсте Пурцов, со кого ја продолжуваат соработката воспoставена од Мишо Јузмески.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.