HomeАктуелноИзречени 213 мерки на територијата на град Скопје

Изречени 213 мерки на територијата на град Скопје

Скопскиот Сектор за внатрешни работи вчера на територија на Град Скопје изрече вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол, известуваат од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) и друго, информираат од полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.