HomeАктуелноИменуван нов ВД Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца”, Тино Секулоски

Именуван нов ВД Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца”, Тино Секулоски

Именуван нов  ВД Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца” – Тино Секулоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Секулоски доаѓа од приватниот сектор има долгогодишно работно искуство во Менаџирање и Управување со компании во приватниот сектор.

,,Констатирав дека неопходно е организирано, систематско и континуирано ангажирање на јавното претпријатие и мораме сите вработени заедно со макотрпна работа да го подигнене квалитетот на комуналните услуги на едно повисоко ниво, соодветно на потребите на граѓаните на општина Дебрца,,

„Ќе продолжам со реализација на актуелната програма на претпријатието, ќе се потрудиме заедно со локалната власт да отпочнеме проекти кои се од суштинско значење за Општина Дебрца. Ќе обрнам внимание дали има простор и можности за подобрување во функционирањето на претпријатието. „Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца“ кое ја има една од клучните улоги во животот на граѓаните, се надевам дека ќе ја вратам репутацијата на едно високо и завидно ниво кое го заслужува Општина Дебрца, но и дополнително ќе ја унапредам работата, за Општина Дебрца да биде урбана, модерена и чиста Општина како што заслужува“, вели директорот Тино Секулоски

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.