HomeАктуелноИнвестиравме повеќе во патна инфраструктура отколку во последните девет години, вели Николоски

Инвестиравме повеќе во патна инфраструктура отколку во последните девет години, вели Николоски

Минатата година е направено повеќе во изградбата на патната инфраструктура отколку во претходните девет години, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Николоски нагласи дека фундаменталниот проблем за доцнењето на изградбата на експресната делница Фарише – Дреновo што беше објавена денес е поради недостатокот на посветеност.

 Сега имаме исклучително безбеден пат, а патувањето до Прилеп се скратува за половина час, изјави Николоски за ТВСител, нагласувајќи дека ова била втората најтешка делница на која се работело, по автопатот Кичево – Охрид.

Тој најави дека до крајот на 2027 година ќе биде изграден автопатот Прилеп – Битола, со што, како што рече, времето на патување од Скопje до Битолa ќе се намали од еден и пол на еден час и 40 минути. Тој потврди дека првите 40 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот Вербјан – Охрид, ќе бидат пуштени во употреба на 12-ти следниот месец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.