HomeАктуелноИсплатени 265.720.530 денари на сметките на овие граѓани

Исплатени 265.720.530 денари на сметките на овие граѓани

Реализирани две исплати кон земјоделците. Реализирана е исплата во вкупна вредност од 265.720.530,00 денари кон 4 659 земјоделци за дополнителни директни плаќања за мерка 1.3 за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ова, додаваат, е тековна исплата за 2024 година и е наменета за поддршка на производството на наведените земјоделски култури во 2024 година.

-Воедно, денеска се исплатени и средства во висина од 16.041.565,00 денари од Мерката 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.1 Набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата Буша), од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, појаснуваат од МЗПВ.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавуваат дека продолжуваат со исплата на субвенции и инвестиции.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.