HomeАктуелноИСТОРИСКИ УСПЕХ – Соборен храм ја воодушеви Европа: Македонската компанија PMG CONSTRUCTION освои престижна награда во Будимпешта

ИСТОРИСКИ УСПЕХ – Соборен храм ја воодушеви Европа: Македонската компанија PMG CONSTRUCTION освои престижна награда во Будимпешта

Соборен храм ја воодушеви Европа: Македонската компанија PMG CONSTRUCTION освои престижна награда во Будимпешта.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Македонската градежна компанија PMG CONSTRUCTION забележа уште еден голем меѓународен успех, освојувајќи ја наградата од јавното гласање на престижниот европски натпревар Baumit Life Challenge 2026, кој годинава се одржа во Будимпешта, Унгарија.

Токму проектот „Соборен храм“, со својот впечатлив архитектонски изглед и фасадно решение, привлече огромно внимание и гласови од публиката, носејќи ѝ уште едно европско признание на македонската компанија.

За PMG CONSTRUCTION ова беше четврто учество на реномираниот европски натпревар, а зад себе веќе имаат значајни успеси – победа на јавното гласање во Валенсија во 2022 година и триумф во Љубљана во 2024 година.

Baumit Life Challenge важи за еден од најпрестижните европски натпревари во областа на фасадната архитектура и дизајн, каде се натпреваруваат стотици проекти од повеќе држави.

„Ова е огромна чест и потврда за нашата посветеност, квалитет и визија. Благодарни сме на сите што гласаа и дадоа поддршка“, велат од PMG CONSTRUCTION.

Успехот претставува значајно признание не само за компанијата, туку и за македонската архитектура и градежна индустрија, кои добиваат сè поголемо внимание на европската сцена.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.