Пренесено соопштение на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски
НОВА УСЛУГА ЗА НАШИТЕ ВОЗРАСНИ И ИЗНЕМОШТЕНИ СОГРАЃАНИ – ИТНО КОПЧЕ! ![]()
Со воведувањето на услугата “Итно копче”, обезбедуваме 24/7 поддршка за самостојните лица над 65 години, изнемоштените и оние на кои им е потребна итна помош во секој момент.
Ако сте самотно лице со нестабилна здравствена состојба или познавате некого кому му е потребна помош, контактирајте нè:
076 212 329
m.saraginov@opstinagpetrov.gov.mk
Како функционира?
Притискате едно копче на аларм-уредот
Оператор веднаш ве контактира
Ви се даваат насоки и, ако е потребно, се испраќа тим за прва помош или транспорт до здравствена установа
Што добивате?
24/7 поддршка и сигурност ![]()
Брза медицинска и психолошка помош ![]()
Бесплатно одржување на уредот ![]()
Дневна техничка поддршка
Транспорт до соодветна установа ![]()
Грижата за секој граѓанин е наш приоритет!
Со “Итно копче” овозможуваме сигурност и поддршка за оние на кои им е најпотребна.
