И за денеска најавен протест против францускиот предлог со почеток во 19:00 пред Владата, а потоа ќе продолжи преку Министерството за надворешни работи до Собрание на Република Македонија.
„Ултиматум, не благодарам“ повикува на масовен и мирен протест вечерва во 19:00 часот. Повторно пред Влада преку МНР до Собрание. Да кажеме не на бугаразицијата. Не за полициските инфилтрати и не за полициското насилство. Да излеземе масовно и достоинствено, се наведува во соопштението.
