HomeАктуелноИ таткото на министерот Бочварски влезе во бизнисот со струја

И таткото на министерот Бочварски влезе во бизнисот со струја

Среде зима цути бизнисот со струја. Во низата роднини на владини функционери кои отворија фирми за производство на струја, последен е таткото на министерот за транспорт и врски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според податоците од централниот регистар, новоформираната „Техно Енерџи“ која ќе произведува струја од фотоволтаици, ќе биде управувана од Венцислав Бочварски. Сопственик на фирмата е претпријатието „ТехноИнвест Штип“, кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Барањето за основање е поднесено на 10-ти овој месец, а регистрацијата е заведена пред 4 дена. Почетниот влог за работа изнесува скоро половина милион денари.

Министерот Бочварски за Сител го потврди основањето на фирмата.

„Имајќи предвид дека цел регион се наоѓа со енергетска криза која силно влијае врз ликвидноста на компаниите, секоја компанија бара начин како да ги намали своите трошоци во овие услови на енергетска и економска криза. Во овој момент јас како министер за транспорт и врски, не носам одлуки за инвестициите во компании кои се во сопственост на моето пошироко семејство“, вели Бочварски за Телевизија Сител.

Изминативе месеци, сопственици на енергетски компании станаа синот и братот на екс премиерот Заев, сопругата на премиерот Ковачевски, како и синовите на Али Ахмети и Муса Џафери.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.