HomeАктуелноКазнети 166 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Казнети 166 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

 – Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија во текот на вчерашниот ден, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 166 возачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од нив, информираа денеска од МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 96 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.