HomeАктуелноКако на крими-филм – Двојно убиство, замешани криминални групи и запалено возило во Скопје

Како на крими-филм – Двојно убиство, замешани криминални групи и запалено возило во Скопје

Еден од убиените во вечерашното пукање во Скопско кале е Ј.К а, кој и е познат во јавноста од друга престрелка која се случи во Александар Палас во 2019 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според првичните информации, неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на лице место, додека повредениот е пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош. Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите.

Од МВР претходно информираа дека во СВР Скопје вечерва во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.

Во меѓувреме полицијата пронајде запалено возило во непосредна близина на скопската обиколница за кое полицијата се сомнева дека е токму возилото со кое избегале убијците кои вчера убија две лица, а уште неколкумина се повредени во Шиша Бар во старата скопска чаршија.

Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.