Полицијата открила тело на трето новороденче во подрум на куќа во Черники, Полска, соопшти обвинителството. Приведената мајка (20) доби кривична пријава за убиство.
Информациите за телото на третото новороденче обвинителството ги достави до полската новинска агенција.
Како што неофицијално пренесуваат полските медиуми, мајката е обвинета за убиство на дете и инцест, во тој случај наскоро ќе биде обвинет и 54-годишниот татко на жената.
Полицијата во петокот вечерта пронашла мртво новороденче во подрумот од куќата, а по натамошното пребарување било пронајдено уште едно тело на новороденче во поодмината фаза на распаѓање, па не можело веднаш да се утврди кога и како починало.
Полицијата на крајот пронашла и трето мртво бебе.
