HomeАктуелноКалендар на МПЦ-ОА: Св. Григориј Богослов

Календар на МПЦ-ОА: Св. Григориј Богослов

Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар), денеска е 25 јануари, денот кој православните христијани го слават во чест на Св. Григориј Богослов.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Црквата името Богослов го носат само три личности: Јован, апостолот и евангелист, Симеон, наречен Нов Богослов, и Григориј Кападокиецот, кого го славиме денес.

Последниов се роди во 330 година во Аријанз. Ги помина сите степени на тогашната наука, завршувајќи го образованието во Атина заедно со свети Василиј Велики.

Григориј бил поетичен, чувствителен дух, но состојбите во Црквата во четвртиот век долго не му оставале можност да се повлече во ненарушено богомислие. Тоа му пошло од рака кон крајот на животот. Се повлекол во родниот Аријанз и тука го предал духот на Бога околу 390 година.

Тропар

Пастирскиот кавал на твоето богословие, ги победи трубите на реторите; а кога бездната на Духот ја испита, и убавината на говорот ти се даде изобилно. Но, моли Го Христа Бога, оче Григорие, да се спасат душите наши.

Кондак

Славен (Григорие), кој со својот богословски јазик ги разурна творбите на реторите, ти ја украси Црквата со облеката на Православието, исткаена одозгора. Неа носејќи ја, таа вика со нас – твоите чеда: Радувај се, оче, прекрасен уму на богословието.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.