HomeАктуелно„Камерите стануваат полицајци: „Безбеден град“ влегува во сила

„Камерите стануваат полицајци: „Безбеден град“ влегува во сила

Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за воведување на системот „Безбеден град“. Со поддршка од двотретинско мнозинство, по претходен договор меѓу Мицкоски и Ахмети, камерите во Скопје, Тетово и Куманово веќе нема само да снимаат, туку ќе почнат и да „казнуваа“ по џебот на несовесните возачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Што треба да знаете пред 1 февруари? Во првата фаза, „окото“ на МВР ќе ги лови следните прекршоци:

  • Брзо возење (со воведена толеранција како на полициските радари);
  • Минување на црвено светло на семафор;
  • Непрописно паркирање низ градските сообраќајници;
  • Истечена регистрација (неважечка сообраќајна дозвола).

Додека СДСМ остана на ставот дека нема да го поддржи законот поради страв од злоупотреба на податоците, министерот Тошковски порача: „Девет човечки животи се спасени само во тест-периодот“.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.