HomeАктуелноКамион товарен со дрвја падна во канал кај Радишани

Камион товарен со дрвја падна во канал кај Радишани

По информацијата добиена од дежурниот во ЦУК за паднат камион товарен со дрва во канал во Радишани и остварениот контакт со дежурниот во шумска полиција, добивме информација дека се запознаени со случајот, се во кординација со ПС Чаир и со полицијата вршат увид на самото место на несреќата со записник за истата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По завршениот увид од страна на шумската полиција возилото товарено со дрва ќе биде извлечено од каналот и транспортирано до Агенцијата за управување со одземен имот. До промена насмената на дежурниот во шумска полиција не е добиен одговор дали возилото е извадено од каналот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.