HomeАктуелноКандидатури за лидер на СДСМ поднесоа Филипче, Петровска и Деспотовски

Кандидатури за лидер на СДСМ поднесоа Филипче, Петровска и Деспотовски

Поднесени првите кандидатури за претседател на СДСМ. Венко Филипче и Славјанка Петровска откако во Бихаќка ги доставија денеска ги дадоа и првите изјави зошто сметаат дека ја уживаат довербата кај членството, а дел од нив не ја криеја и поддршката која ја имаат од актуелни или поранешни членови кои биле или се во раководството, но велат тоа се базирало само на добрите и лични коректни односи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Главна цел е рестартирање на партијата по историскиот пораз од парламентарните избори.

Јован Деспотовски пак со симболика денеска беше третиот кандидат кој официјално ја поднесе својата кандидатурата за прв човек на Бихаќка. Сепак не пропушти прилика да посочи дека тој гледа одредени разлики кај членството кои смета дека треба да се надминат.

Сите тројца кандидати се долгогодишни членови на СДСМ, со различен професионален бекграунд. Петровска е правник, Филипче неврохирург, Деспотовски економист. Во трката за прв човек на Бихаќка вчера прв кандидатурата ја поднесе и членот на партијата Златко Ристовски од Битола . Како имиња кои се спомнуваат дека ќе поднесат кандидатура беа и Стефан Богоев и заменик министерот за администрација Александар Бајдевски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.