HomeАктуелноКај велешанец марихуана, кај стружанец бела прашкаста материја – Полицијата во Охрид со полни раце работа

Кај велешанец марихуана, кај стружанец бела прашкаста материја – Полицијата во Охрид со полни раце работа

На 03.08.2024 во 22.35 часот во Охрид, при преглед врз Б.Т.(35) од Велес, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 04.08.2024 во 02.40 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, приведен е П.М.(25) од струшко. При извршена контрола од полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, тој се обидел да фрли бела прашкаста материја што ја имал кај себе. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.