HomeАктуелноКим ветил дека ќе му помогне на Путин во руската војна против Украина

Ким ветил дека ќе му помогне на Путин во руската војна против Украина

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун му ветил на рускиот претседател Владимир Путин помош во руската војна против Украина на средбата во рускиот космодром Восточни, пренесе ДПА повикувајќи се на медиуми.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Русија се крена за да го заштити својот суверенитет и безбедност, рекол Ким на средбата со Путин, пренесува агенцијата Интерфакс.

– Ние секогаш и ќе продолжиме да ги поддржуваме сите одлуки на Путин и одлуки на руската влада.

Се надевам дека секогаш ќе бидеме заедно во борбата против империјализмот и во изградбата на суверена држава, рекол Ким.

Средбата на Путин и Ким е прва посета на севернокорејскиот лидер на Русија во последните четири години.

Покрај прашањата за ракетната технологија, според набљудувачите, на дневен ред на состанокот се и испораката на оружје и муниција од Северна Кореја за Русија.

За време на состанокот Путин-Ким, руското Министерство за надворешни работи најави посебна посета на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Москва.

Ванг ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.