HomeАктуелноКим Кардашијан во бикини се пофали дека ослабнала 7 килограми (ФОТО)

Ким Кардашијан во бикини се пофали дека ослабнала 7 килограми (ФОТО)

Иако брзите диети честопати не се паметен избор бидејќи луѓето кои ги следат за краток временски период ја враќаат намалената тежина, Ким Кардашијан не го сторила тоа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ријалити ѕвездата три недели била на ригорозна диета за да влезе во легендарниот фустан на Мерилин Монро и да блесне на Мет Гала. Месец и пол по тој гламурозен моден настан, таа позира во костим за капење и докажа дека се уште е фит.

Таа објави неколку фотографии од одморот на кој отиде со момчето Пит Дејвидсон и позира во црни бикини и го истакна рамниот стомак. И покрај исхраната, Ким успеала да ги зачува облините кои ја прославија.

Да потсетиме, Ким имала намера да го облече фустанот на Мерлин Монро, но не ѝ одговарала големината, па се подложила на нов режим на исхрана и вежбање.

“Носев костим за сауна двапати дневно, трчав на лента за трчање и целосно ги елиминирав сите шеќери и јаглехидрати, а јадев само зеленчук и протеини. Не гладував, но бев строга”, објаснила таа.

Таа ослабела 7 килограми за три недели, но бројни експерти предупредија дека таквото слабеење е нереално и тешко за организмот. Се проценува дека е безбедно да се изгуби половина килограм до килограм неделно, а најдобро е да се изгуби колку што е можно повеќе без да се вежба претерано или да се изгладнува.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.