HomeАктуелноКим Џонг-ун пристигна во рускиот град Комсомолск на Амур

Ким Џонг-ун пристигна во рускиот град Комсомолск на Амур

Ким Џонг-ун пристигна со воз во градот Комсомолск на Амур, јавија руски медиуми, прецизирајќи дека севернокорејскиот лидер отишол во фабриката за авиони во градот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ким на градската железничка станица бил пречекан со црвен тепих од гувернерот на областа Хабаровск и други официјални лица. Потоа отишол во воздухопловната фабрика „Јуриј Гагарин“, која ги произведува најнапредните руски борбени авиони Су-35 и Су-57, како и цивилни авиони.

Ким Џонг-ун е во Русија на покана од рускиот претседател Владимир Путин. На 13 септември во космодромот „Восточни“ се одржаа преговори меѓу двајцата лидери, прво со делегации а потоа разговараа на само.

Русија е првата земја што Ким ја посети од почетокот на пандемијата на Ковид. Неговата претходна посета на земјата беше во април 2019 година. Тогаш тој и Путин разговараа во Владивосток и тоа беше нивна прва средба.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.