HomeАктуелноКовачевски во посета на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“: Голем интерес за македонските вина и храна

Ковачевски во посета на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“: Голем интерес за македонските вина и храна

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, го посети саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, каде што има претставници од над 70 македонски изложувачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Премиерот Ковачевски им даде поддршка на претставниците на македонските винарии, дестилерии, гастрономски компании, од туристичката дејност. Премиерот го поздрави интересот за присуство на саемот и оцени дека постигнатите успеси во квалитетот на македонското вино познато во светот, македонската храна и туристичката понуда се амбасадорска промоција на Република Северна Македонија во регионот, Европа и светот.

Ковачевски најави уште позасилени активности на Владата кон отворањето нови пазари за компаниите и кон европскиот пазар.

Саемот за вино, храна и туризам во Белград е значајна можност за воспоставување деловни релации и размена на искуства меѓу компаниите и присутните од различни држави.

Посетителите на саемот, во следните дена, имаат можност да вкусат автентични македонски вина и храна, коишто, заедно со српската и албанската понуда, се на нивото на врвен светски квалитет, како и да се запознаат со туристичките потенцијали на државите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.