HomeАктуелноКОЛУМНА: Јакнење на локалните капацитети за одржлив развој

КОЛУМНА: Јакнење на локалните капацитети за одржлив развој

Јакнење на локалните капацитети за одржлив развој

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Целта на секоја општина треба да биде развој на локалната заедница. Ефикасното функционирање на општината е важно од аспект на поголема достапност на услугите и поголем квалитет на истите. Воедно, секоја општина ( локална самоуправа) треба да се грижи за економскиот развој на локалната заедница и инклузивноста на истиот. Во таа насока од исклучителна важност е креирањето на локални капацитети за раст и развој на заедницата. За поголем потенцијал за локален економски развој, неопходно е одржливо управување со природните ресурси во локалната средина. Затоа се важни и локалните медиуми. Имено, повеќе од важна е локалната демократија и транспарентно управување. Локалните медиуми треба да овозможат поголема информираност на граѓаните, која пак варијабла би довела до поголема вклученост на граѓаните во решавањето на локалните проблеми и предизвици. Одличен пример во нашиот Охрид е Powerinfo каде шти граѓаните може да добијат информации за локалните текови и да понудат решенија и разни локални иницијативи.

 

Пишува Ристе Костовски, магистер по економски науки 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.