HomeАктуелноКонтроли во казина во Кавадарци, Прилеп, Битола и Ресен

Контроли во казина во Кавадарци, Прилеп, Битола и Ресен

Покрај заедничките контроли во угостителските објекти, во текот на вечерта (17/18.03 2023) полициски службеници на Бирото за јавна безбедност при МВР во содејство со инспектори од државните инспекторати и Управата за јавни приходи реализираа заеднички контроли во казина во Кавадарци, Прилеп, Битола и Ресен.
Притоа, во казно во Кавадарци е констатирано непрописно работење од страна на УЈП, а затекнат е и еден малолетник во објектот, за што ќе биде поднесен соодветен поднесок. Од страна на УЈП неправилно работење е евидентирано и во казино во Прилеп, за што ќе биде изречена санкција, додека глоба за не водење на книга на благајна, согласно чл.157 од Законот за игри на среќа, од страна на УЈП е изречена и за казино во Битола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.