HomeАктуелноКраделе гориво од резервоарите од возила од јавно претпријатие – Апсење во Маврови Анови

Краделе гориво од резервоарите од возила од јавно претпријатие – Апсење во Маврови Анови

На 11.09.2023 околу 21.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(52) и С.М.(55), двајцата од Куманово.
Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одземале гориво од резервоарите. Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични кантисо гориво и две црева.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.