СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.В.(69) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”.
Пријавениот, од мај 2024, во својство на инвеститор на катастарска парцела во сопственост на државата, извршил ископ на карпа – природна реткост, со што ја нарушил стабилноста на столбови за пренос на електрична енергија и поставил бетонска плоча со која узурпирал државно земјиште, додаваат од СВР Охрид.
