HomeАктуелноКривична пријава за правен субјект од Охрид, тој без лиценца вршел јавен превоз

Кривична пријава за правен субјект од Охрид, тој без лиценца вршел јавен превоз

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В.(41) од Охрид како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на 02.11.2022 година на улицата „15 корпус“ во Охрид,
полициските службеници сопреле патнички автомобил „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван Г.В., а сопственост на правниот субјект.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, утврдиле дека тој врши превоз на патници без да поседува соодветна дозвола-лиценца за вршење на јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, додава потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

 

 

 

извор: СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.