HomeАктуелноКривична пријава против управител и фирма поради незаконско постапување со канабис

Кривична пријава против управител и фирма поради незаконско постапување со канабис

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до ОЈО Струга, поднесе кривична пријава против И.Б.(58) од с.Велешта, струшко и против правно лице лоцирано до с.Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Првопријавениот, во својство на управител на правното лице, постапил спротивно на одредбите на член 29 б и член 62 од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции на тој начин што без ниту едно вработено лице склучил договор  и набавил сув цвет од канабис. И.Б. за договорот не го известил Министерството за здравство, не обезбедил 24 часа физичко обезбедување, 24 часовен видео надзор, не обезбедил соодветни мерки за обезбедување на складираниот канабис.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.