HomeАктуелноКризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули

Кризната состојба во државата, поради состојбата со нафтата во светот, ќе трае уште три месеци, односно до 20 јули. Собранието вчера го одобри предлогот на Владата за продолжување на кризната состојба, која таа, поради воздушните напади на САД врз Иран и затворањето на Ормутскиот теснец, ја донесе на 21 март.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Кризната состојба е неопходна за полесна координација на состојбата со нарушувањата во транспортот на сурова нафта, но и за полесно носење мерки за ценовна контрола на горивата и другите продукти во државата.

Единствени што реагираа на оваа одлука беа од опозициската Левица.

Со кризната состојба ќе се овозможи Владата веднаш да носи мерки со цел да го спречи ценовниот шок во државата поради светската состојба со снабдувањето со нафта. Постојната кризна состојба трае до 20 април и со неа веќе беа преземени мерки со кои Владата го намали ДДВ-то на енергенсите на 10 отсто, а се намалија и акцизите, и тоа за 4 денари за дизелот и за 2 денари за бензинот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.