HomeАктуелноЛаден бран во Македонија и најава за снег

Ладен бран во Македонија и најава за снег

Во следните часови во Македонија ќе имаме релативно ладно време, а повремено ќе дува и ветер од југоисточен правец со слаб до умерен интензитет. Времето насекаде низ државава ќе биде претежно облачно, а во југозападните  и во западните предели ќе започнат послаби врнежи кои ќе бидат од дожд и од снег во градовите, додека во повисоките населени места, планините, и секако на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На планините  и на Скијачките центри снежната покривка малку ќе се зголеми.

Што се однесува до температурите, тие денес (12.2.2025 среда) ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени, само во југоисточните предели тие ќе се искачат до близу 10 степени, а во Скопје  и околината таа ќе се искачи до околу 5/6 степени, најавува познатиот метео-прогнозер, Славчо Попоски.

Услови за послаби локални врнежи од дожд и од снег и претежно облачно време ќе имаме  и утре (13.2.2025 четврток), а ќе продолжи релативно ладното време.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.