HomeАктуелноЛДП: Скопјани се гушат во ѓубре, Арсовска итно да пристапи кон решавање на проблемот

ЛДП: Скопјани се гушат во ѓубре, Арсовска итно да пристапи кон решавање на проблемот

Аматеризам и неспособност владее во Скопје, од кој најголема цена плаќаат граѓаните. Либерално-демократската партија е крајно изненадена и затекната од моменталната состојба со ЈП „Комунална Хигиена“ и последните случувања во јавното претпријатие задолжено за одржување на градската чистота.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Два дена откако директорката на претпријатието, се закани со отпуштање на неколку стотини вработени, главниот град се гуши во запуштено ѓубре и смет. Расфрланиот отпад околу кантите за отпадоци и контејнерите е ужасна глетка, но и претставува потенцијален извор на разни болести и зарази.

Апелираме до менаџментот на  ЈП ,,Комунална Хигиена- Скопје “ и раководството на Град Скопје, час поскоро да ја сфатат сериозно ситуацијата, да најдат начин и да ја изменаџираат состојбата со запуштените контејнери.

Правото на здрава и чиста животна средина е основно човеково право и ниту во еден случај не смее да биде предмет на теснопартиски интереси и средство за собирање политички поени.

Доколку нема поместување на позициите, со брзи и ефикасни решенија, ЛДП преку своите претставници во локалните совети во Градот Скопје и општините и во рамки на своите надлежности, ќе преземе конкретни чекори за расчистување на отпадот и враќање на состојбата во нормала.

Граѓаните се поважни од политичките суети.

Либерално демократска партија

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.