HomeАктуелноЛидија Вукичевиќ повторно во Охрид со урнебесната македонско-српска хит комедија „Обвинителка“

Лидија Вукичевиќ повторно во Охрид со урнебесната македонско-српска хит комедија „Обвинителка“

Центар за култура „Григор Прличев“

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од 31.03.2023 – 20:00 до 31.03.2023 – 22:00

После големиот успех со преставата „Чекајќи го министерот“, мега популарната актерка Лидија Вукичевиќ повторно во Охрид со урнебесната македонско-српска хит комедија „Обвинителка“.  Претставата ќе биде изведена на 31 март на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот. Цената на билетот е 200 денари.

Оваа комедија е копродукција и размена на уметници од Македонија и Србија. Главната улога во оваа урнебесна комедија ја игра мега популарната актерка од бившите ју простори Лидија Вукиќевиќ, која е позната по серијата „Бољи живот”, „Жикина династија” и уште многу други тв и театарски улоги.

Спојот на уметници и соработници од двете држави треба да се зајакне, културата обединува, а преку хит комедијата „Обвинителка” ќе го прикажеме пред публиката кај нас и во регионот тоа. Како е да се работи во обвинителство? Како е да се биде обвинителка? Како е да се биде обвинет? Како да се спасиш од обвинение? Тоа се дел од прашањата кои ќе бидат одговорени низ урнебесните комични ситуации во претставата, велат од Центарот за култура.

Во претставата покрај Вукичевиќ, играат и Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски. Автор е Огнен Неделковски, а режисер Сашо Ристовски. Во претставата се зборува на македонски и српски јазик.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.