HomeАктуелноЛицата со дијабетес утре излегуваат на протест

Лицата со дијабетес утре излегуваат на протест

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија најави дека утре во 19 часот ќе протестира пред Министерство за здравство, бидејќи не добиваат терапија. Тие во соопштение до јавноста велат дека се потрошило нивното трпение и дека поминале сите рокови Министерството за здравство и Владата да им набави инсулин, и дека се чувствуваат изманипулирани што децата со оваа состојба немаат пумпи, сензори и глукомери.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

После најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка. После многу инвестирање во достоинството наше на лицата со дијабетес завршија сите рокови, логички правни, измислени и смислени манипулации. Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45 лица си дијабетес на Инсулин. Нашето Министерство за здравство и Владата ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терпаија. Благодариме, НО НЕ ЈА ДОБИВАМЕ!, стои во соопштението од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.