HomeАктуелноЛице заработи кривична пријава откако искористил инстаграм профилот на поранешната девојка и праќал пораки

Лице заработи кривична пријава откако искористил инстаграм профилот на поранешната девојка и праќал пораки

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишниот С.Р. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“, извести МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во јануари 2023 година, по барање на неговата поранешна девојка, пријавениот го деактивирал нејзиниот инстаграм профил. Во јули 2023 година таа забележала дека нејзиниот инстаграм профил е активен и има објавено нејзина слика и дека од наведениот профил пишувал пораки на службениот инстаграм профил кој го користат на нејзиното работно место, соопшти МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.