На 31.03.2024 година во 05.50 часот, на булеварот „Железничка” во Охрид, приведен е С.Г.(23) од селото Велмеј, општина Дебрца.
Тој претходно, бил агресивен и ги омаловажувал полициските службеници, кои преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
