HomeАктуелноЛишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило

Лишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина – двајца во Кичево и тројца во Скопје, управувале возило без возачка дозвола, а двајца – по еден во Неготино и во Кичево, управувале возило под дејство на алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – информираат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.