HomeАктуелноЛишен од слобода возачот кој денеска удри малолетничка во Ѓорче Петров

Лишен од слобода возачот кој денеска удри малолетничка во Ѓорче Петров

Денеска (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с. Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка, информираат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.