HomeАктуелноЛокализиран пожарот кој синоќа избувна на планината Беласица

Локализиран пожарот кој синоќа избувна на планината Беласица

Големиот пожар кој избувна вчера попладне на планината Беласица на тешко достапен терен, веднаш над селото Смоларе, е локализиран и е ставен под контрола, информираа од ТППЕ Струмица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според командирот Александар Гудев, била зафатена високостеблеста шума на поголема површина, а во гаснењето на пожарот покрај пожарникари учествувале и тимови на „Македонски шуми“.

Пожарот е локализиран и ставен под контрола и во текот на денешниот ден ќе се направат напори за негово целосно ликвидирање, изјави Гудев.

Според него засега догорува лисна маса, а во текот на измината ноќ екипа на ТППЕ Струмица составена од седум пожарникари и две против пожарни возила го гаснела пожарот и не дозволила негово проширување.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.