HomeАктуелноМакедонија вечерва во Скопје против Англија ги завршува квалификациите

Македонија вечерва во Скопје против Англија ги завршува квалификациите

Со натпреварот против Англија вечерва во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе ги заврши квалификациите за Европското првенство 2024 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Натпреварот нема резултатско значење за двете репрезентации со оглед на тоа што Англичаните го имаат обезбедено пласманот на евро-шампионатот, додека Македонците се без шанси за напредок на табелата и квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место.

Сепак, дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ кој пред два дена доби нов терен, ќе биде шанса избраниците на селекторот Благоја Милевски да го подобрат впечатокот од првиот меѓусебен натпревар кога загубија на гости со 7:0.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.