HomeАктуелноМакедонија под снежна покривка: Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци

Македонија под снежна покривка: Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Забрани за движење на товарни моторни возила воведени се повеќе патни правци низ државата и тоа Дебар – Маврово, Охрид – Кичево (Пресека), Кичево – Гостивар (Стража), Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема) и Битола – Ресен (Ѓавато), додека во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода, информираат АМСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која започна од 15.11.2024 година и ќе трае до 15.03.2025 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Претходно од АМСМ информираа дека е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патните правци Дебар – Маврово, Тетово – Попова – Шапка и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, како и на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.