HomeАктуелноМакедонките најмлади влегуваат во брак во споредба со другите земји во регионот

Македонките најмлади влегуваат во брак во споредба со другите земји во регионот

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак во споредба со другите земји во регионот. Просечната возраст на која Македонките се мажат е 26,6 години, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Девојките во Црна Гора стапуваат во брак просечно на 27,5 години, во Бугарија на 28,3, во Србија на 28,5, во Хрватска и во Косово на 28,8, а во Грција на 30,9 години.

Во повеќето европски земји, жените стапуваат првпат во брак на над 30 годишна возраст. Забележлива е разликата во западна и во источна Европа, колку се оди позапад, толку е поголема просечната возраст.

Најмлади се мажат Украинките на 24,9 години, девојите во Белорусија на 25,1 и во Турција на 25,2 години.

Жените во Шведска, пак, стапуваат во брак просечно на возраст 34,8 години, во Шпанија на 34,7, а во Норвешка на 34,1 година.

„Ландгеист“ забележува и дека возраста на која жените стапуваат во брак не мора да значи дека тие подоцна влегуваат во врска или основаат семејство. Ако се погледне картата на уделот на раѓања надвор од брак, се чини дека се повеќе парови прво раѓаат деца, а потоа стапуваат во брак или воопшто не стапуваат во брак.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.