HomeАктуелноМакедонските патишта како писти, еве колку санкции „паднаа“ во текот на вчерашниот ден за брзо возење

Македонските патишта како писти, еве колку санкции „паднаа“ во текот на вчерашниот ден за брзо возење

При засилената акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден се санкционирани 517 возачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат денеска од МВР, од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час побрзо од дозволеното. Притоа 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 217 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.