HomeАктуелноМакедонските патишта како писти, еве колку санкции „паднаа“ во текот на вчерашниот ден за брзо возење

Македонските патишта како писти, еве колку санкции „паднаа“ во текот на вчерашниот ден за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (04.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 711 возачи. Од нив 59 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 345 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 366 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.